Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска информира дека над 20.000 граѓани не добиле плата за месец јануари.
– Во јануари 2022 година, 4968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но истата не е исплатена за 12827 вработени. Доставени се опомени и веќе оди блокирање на сметките и присилна наплата. 5029 работодавачи воопшто не поднеле месечни пресметки за наплата, а се однесуваат за 7811 вработени. И до нив се доставени опомени – додаде Лукаревска во емисијата „Топ тема“.
Во однос на прашањето дали има нови фирми кои ја злоупотребиле државната помош и субвенции, Лукаревска информира дека засега не се регистрирани такви.