сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Просечната бруто плата во октомври изнесува 43.557 денари

Просечната бруто плата во октомври изнесува 43.557 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11.9 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10.4 %) и Информации и комуникации (10.3 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.2 %) и Други услужни дејности (2.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2021 година, изнесува 43 557 денари.