четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Расте потрошувачката на струја во Косово

Расте потрошувачката на струја во Косово

Расте потрошувачката на струја Косово. Само во јуни годинава потрошена е струја за 5 отсто повеќе во однос на истиот период лани. Агенцијата за статистика на Косово (АСК) соопштува дека во текот на месец јуни, расположивата бруто електрична енергија изнесувала 454,79 GWh, додека потрошувачката на електрична енергија била 340,75 GWh или за 4,73% поголема во однос на истиот месец од претходната година. Учеството на алтернативната електрична енергија во вкупната потрошувачка изнесува 19,6%.

Во извештајот „Енергетска статистика“ за месец јуни 2023 година на АСК, се наведува и дека производството на јаглен е околу 4,89 илјади тони или за 17,43% помалку во однос на истиот месец од претходната година.