Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави дека утре ќе пристигнат 2 милиони литри зејтин, кои според министерот се доволни да се покријат потребите за еден месец. Истакна дека се во постојана комуникација со српските власти и доколку има потреба ќе се испорачуваат и дополнителни количини масло за јадење.
– Таа одлука е објавена денеска и утре веќе увозниците ќе може да ја набавуваат. Станува збор за рамномерно сите договори кои ги имаат во евиденција во нивното министерство да обезбедат рамномерно секоја фимра да може да увезе. А паралелно продолжуваме и очекуваме и нови одлуки, изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство
Според Николовски храна има доволно и нема потреба од активирање на стоковите резерви. Во меѓувреме ќе се работи на зголемување на домашното производство. Најави дека в понеделник ќе се објават огласите за субвенцинии за производство на житни култури и ги повика земјоделците на масовно пријавување.
– Нудиме пакет за договорно производство на сончоглед. Тоа што било традиционално производство за оваа земја и тоа го имаме да го ставиме во функција. Викендов ќе имаме седница на која ќе усвои нов оглас за доделување на земјоделско земјиште.. 6 илјади хектари веќе од понедленик ќе се на располагање на земјодеците за житни култури. За пченка, за сончоглед, пченица, истакна Љупчо Николовски, министер за земјоделство
Економија вчера им препорача на маркетите да ја ограничат продажбата на масло за јадење и доколку некој купувач сака да купи голема количина да го пријави во пазарниот инспекторат. А, доколку ова не се почитува, Владата во вторник со одлука точно ќе утврди колку зејтин ќе може да се продава.