вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Заев сега: Државата не може да интервенира во откупот, Заев пред една година: Македонија мора да го воведе државниот интервенционизам

Заев сега: Државата не може да интервенира во откупот, Заев пред една година: Македонија мора да го воведе државниот интервенционизам

Јас не можам реално вечерва да кажам слушај да ти дадам. Не е чесно, не сум сам што носам одлука, има закони во државата, се работи за јавни пари. Трошењето на јавни пари, ако не е по закон се смета за ненаменско и незаконско трошење пари и се одговара по закон со казна затвор, затоа мора да се донесат соодветни одлуки или слично, изјави Зоран Заев пред производителите на грозје во Кавадарци минатата недела.

Тој дополнително рече дека државата не може да интервенира и да го откупи производството, а со цел решавање на проблемите на земјоделците со откупот на земјоделските производство.

– Да може како ние да гарантираме цени тоа би го направиле, ама пазарна држава, која што е ориентирана спрема пазарот не може да прави вакви работи, рече Заев.

Владата потфрли на сите нивоа. Оваа година откуп немаше за доматите, оризот, праските, зелката, пченицата, а сега нема ни за сливите и грозјето.

Земјоделците со право се револтирани, затоа што сегашниот премиер Заев од опозиција ветуваше државен интервенционизам, со што државата ќе интервенира и ќе реагира во откупот на, како што тој рече, стратешките земјоделски култури.

-За стратешките култури кои што Македонија ги има, за грозјето, јаболкото, тутунот, градинарските култури, житото, мора Македонија да има државен интервенционизам. Државниот интервенционизам значи да го заштитеме граѓанинот, од тоа што живее да заработи, за да може да троши пари, да има пари, да има за егзистенција, изјави Заев пред парламентарните избори во 2016 година.

Заев тврдеше дека секаде во светот е дозволено државното интервенирање и дека и во Македонија треба да се направи.

– Ако сме искрени во развојот и намерите на нашата економија, Македонија мора да го воведе државниот интервенционизам во сите оние пазарни гапови кои ни се јавуваат за да и помогнеме и на економијата и на граѓаните, кажа Заев лани пред парламентарните избори.

Земјоделците со право се разочарани, особено кога пред нив сегашниот премиер Заев пред скоро две  години едно ветуваше, а сега сосема друго.