Со цел да ги ублажи последиците од општото зголемување на цените на пазарот, компанијата dm drogerie markt ги поддржа своите вработени со зголемување на бруто-платите од 32 до 52 отсто. Повеќе од 200 вработени, почнувајќи од јануарските исплати на платите, добија поддршка и благодарност за вложениот труд преку зголемени примања.
dm drogerie markt првите дрогерии во Македонија ги отвори во 2012 година. Денес е присутна со 23 дрогерии во 10 градови низ Македонија и важи за компанија што секогаш вложува максимални напори на своите вработени и на нивните семејства да им обезбеди подобри услови за живот и работа преку различни можности. Водени од слоганот „Работа инспирирана од животот“, dm создава хармонична работна средина за целиот тим, со свесност за вредноста и улогата на секој вработен кој придонесува во успехот на компанијата.
На македонскиот пазар dm drogerie markt се издвојува од конкуренцијата на повеќе начини и ја задржува улогата на посакуван работодавач. Потврда за ова се низа придобивки за вработените, меѓу кои се и личниот и професионален развој, 14 атрактивни плати во текот на годината, проширените здравствени систематски прегледи, ваучерите за приватни здравствени прегледи, бесплатните курсеви по германски јазик, како и редовните обуки и семинари достапни во текот на целата година.
Покрај овие многубројни придобивки, секој вработен во текот на годината добива и дополнителни стимуланси во форма на ваучери за пазарување.
Ова се само дел од инвестициите што компанијата ги реализира во текот на годината, а чија цел е да обезбеди поголема стабилност и можности за напредок на своите вработени.
„Човекот во центарот на сите активности“ е принцип длабоко вткаен во темелите на dm drogerie markt уште од неговото основање и доследно се применува до денес.