сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

100 санкции за брзо возење

100 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 100 возачи. Од нив шест возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 37 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 63 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.