Во текот изминатата вечер (21/22.01) односно во периодот од 22 часот вчера до 03,00 часот денеска на територијата на Секторот за внатрешни работи Штип беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол.
Притоа, од страна на полициските службеници биле санкционирани 11 возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот на стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, а во интерес на личната безбедност и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.