Полициски службеници на СВР Тетово денеска (14 август) од 14 до 20 часот, спроведоа акциска контрола во која се изречени вкупно 149 мерки за пребрзо возење (ТЕ-119 и ГВ-30). 82 од мерките (ТЕ-52 и ГВ-30) се однесувале на возење со поголема брзина од максимално дозволената надвор од населено место, од кои 13 (ТЕ-5 и ГВ-8) биле за повеќе од 70 километри на час.
Во контролата биле санкционирани и 67 возачи ( сите на територија на Тетово), кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место, од кои 5 за повеќе од 50 километри на час.Покрај тоа, со соодветни поднесоци заокружени се и 12 други видови прекршоци.