Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 13 санкции за непрописно престројување на возила, шест мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за недавање првенство на минување на пешаци…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.