На 25.08.2018 година во 05.40 часот на Граничен премин Аеродром „Скопје“ на излез од РМ се пријавила да патува T.A.(18) од Албанија со грчка лична карта.
Од извршените проверки е констатирано дека истата остварила влез во РМ на 24 август на Граничен премин Ќафасан. Од извршени дополнителни проверки е констатирано дека личната карта е фалсификувана.
Лицето е приведено за понатамошна постапка.