На 22.10.2022 во 01.50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода А.Љ.(18) од с.Равен, гостиварско, затоа што не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и на ул.„Мара Угринова“ со возило „пежо“, со гостиварски регистарски ознаки кое го управувал, се обидел да удри полициски службеник.