петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

21 санкционирани возачи за три часа во Гостивар

21 санкционирани возачи за три часа во Гостивар

Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност во сообраќајот денеска (29 мај)  од 11 до 14 часот, спровеле акциска контрола на подрачјето на Гостивар, во која откриени и санкционирани се 21 прекршоци. 10 возачи ги управувале возилата и мотоциклите без возачка дозвола, а шест возила имале истечена регистрација. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со предвидените парични глоби и други мерки според Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за возила.

При контролата, исто така, санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци.