СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Г.(22) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“.
На 29.12.2020 на стариот пат од с. Желино кон Тетово, на паркинг простор, полициски службеници извршиле преглед во паркирано патничко возило „фолксваген голф“, сопственост на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.