сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

22 годишно момче паднало од покрив на фабрика во Охрид – еве ги деталите

22 годишно момче паднало од покрив на фабрика во Охрид – еве ги деталите

На 11.10.2022 година во 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди бил однесен Б.И.(22) од Кочани.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на кров од фабрика во Охрид.

По насоки на Јавен обвинител, увид на местото извршиле полициски екипи и општински инспектор за безбедност и здравје.