Денеска (31.05.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата санкционирани се 24 пешаци, а на 16 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука.
За време на контролата регистрирани се и седум останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.