петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

40 санкции за недавање првенство на минување

40 санкции за недавање првенство на минување

Во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 40 возачи.

Од нив, 15 на територијата на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Битола… При контролата санкционирани се и 171 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.