На 15.06.2022, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за прекршоци што ги прават мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 43 прекршоци (ТЕ-34 и ГВ-9), а за кои биле изречени исто толку мерки. Најголемиот број од прекршоците (19) се однесувале на некористење на заштитна опрема, односно кацига (ТЕ-13 и ГВ-6) и на управување без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа (ТЕ-5 и ГВ-2), додека 4 (ТЕ) непоседувале соодветни полиси за осигурување.
При контролата, исто така, санкционирани се и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-2).