сабота, 16. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

59 лица не го почитувале полицискиот час вчеравечер, 28 од нив приведени

59 лица не го почитувале полицискиот час вчеравечер, 28 од нив приведени

Во текот на вчерашниот ден (03.04.2020) на територијата на Република Македонија на 144 лица им се издадени решенија за изолација, а 51 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека сите лица се придржувале до мерките за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во периодот 03/04.04.2020 евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.