сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

70 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин во Скопје

70 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје денеска (06.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 70 возачи на територија на Скопје. При акциската контрола санкционирани се и 83 друг вид на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.