вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

78-годишен велешанец тешко повреден, со мопед излетал од коловоз

78-годишен велешанец тешко повреден, со мопед излетал од коловоз
илустрација

На 02.08.2021 околу 19:00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед „апн 4“, со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Р.(78) од Велес, излетал од коловозот.

Во незгодата, Ѓ.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Бил извршен увид на местото на незгодата.