Во текот на вчерашната вечер (20.02.2022), во периодот од 18.00 до 22.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на oпштина Ѓорче Петров и Сарај. При контролата санкционирани се 80 возачи, од кои 14 возеле без возачка дозвола.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предводените глоби.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.