понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Акциска контрола на полицијата во угостителски објекти во Кичево и Охрид

Акциска контрола на полицијата во угостителски објекти во Кичево и Охрид

Полицијата во текот на изминатата вечер извршила акциска контрола во пет угостителски објекти во Кичево и Охрид.

-Притоа, во село Зајас приведени се две лица поради непоседување документи за лична идентификација и една странска државјанка од Република Србија за утврдување на дозвола за престој. Во четири угостителски објекти констатирани се неправилности поради неиздавање на фискални сметки, а утврдено е и непочитување на Законот за забрана за пушење во затворени простории, соопшти МВР.

Акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција од ОВР Гостивар и СВР Битола во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд.