Во повеќе скопски угостителски објекти вчера вечер беше извршена контрола, при што беа легитимирани 36 лица. Едното од нив е приведено заради утврдување на идентитет, потоа беа проверени десетина возила при што едно возило е одземено за понатамошна постапка.
Контролите беа извршени од страна на полициски службеници од СВР Скопје, од Одделот за криминалистичка полиција и од Одделот за специјални полициски операции, во координација со тимови од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.
Од страна на УЈП и ДПИ се изречени казни по однос на неиздавање фискални сметки како и мандатна казна по однос на непочитување на Законот за пушење.
Како што информираат од МВР, ваква активност беше реализирана и на подрачјето на СВР Струмица, односно во дискотека во Струмица каде што се детектирани повеќе неправилности во работењето.-Така, меѓу другото, констатирано е постоење на неевидентиран готовински промет во висина од над 125.000 денари, потоа работа на лица кои не биле пријавени согласно ЗРО, потоа прекршувања по основ на Законот за угостителска дејност, и по целосно документирање против правното лице и одговорните лица во правното лице ке бидат изречени соодветни санкции. Од страна на полициските службеници беа извршени 16 проверки на идентитет, 12 прегледи на лица, а затекнати се и 10 малолетни лица, се наведува во соопштението на МВР. (МИА)