Денеска (13.10.2022) во периодот од 12.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 61 возач. Од нив три 14 санкции поради непоседување лекарско уверение, седум мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за возење без возачка дозвола, а 14 возила се упатени на вонреден технички преглед.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.