недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Акциска сообраќајна контрола- 47 санкционирани возачи, кај 33 возила констатирани неправилности

Акциска сообраќајна контрола- 47 санкционирани возачи, кај 33 возила констатирани неправилности

Во текот на вчерашниот ден (09.03.2023) во периодот од 08.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 47 возачи.

Од нив, седум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило)… Во однос на возилата кај 33 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои осум за неисправни сопирачки, пет поради измината важност на сообраќајната дозвола… За време на контролата санкционирани се и 156 други видови на прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.