На 19.09.2018 година во 17,50 часот на Граничен премин „Свети Апостол Павле“ – Охрид, за излез од РМ се пријавил да патува Г.Д.(28) од Наполи – Италија, со италијанска лична карта за која било констатирано дека е фалсификат.
Од извршениот преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта на име К.Г.(26) од Тирана – Р.Албанија. Лицето е лишено од слобода и против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“.