понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење во Скопје, МВР со детали

Апсење во Скопје, МВР со детали

На 03.02.2023 во 19.00 часот на подрачје на Карпош – Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(32) од с.Визбегово, скопско. При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги.

Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материјаи повеќе таблети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.