Вчера во 18 часот и 40 минути на Граничен премин Аеродром „Скопје“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето A.C.(32) од Лесковац, Република Србија, се бара од Интерпол, известуваат од МВР.
Лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.