петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење на Д Фестивал во Дојран

Апсење на Д Фестивал во Дојран

Полицијата извршила контрола во периодот од 19.50 часот на 01.07. до 03.00 часот на 02.07.2022 за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран.

Како што информира МВР, лишени од слобода се 18 лица.

-М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов Дојран, Ј.С.(19) од Тетово, С.И.(22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј.(43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка. При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази, појаснуваат од полицијата.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.