Двајца турски државјани со фалсификувани визи приведени на охридскиот аеродром информираат од МВР.
На 27.03.2022 во 13:00 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, при извршена пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи и британските визи на две лица на возраст од 31 и 23 години, двајцата од Република Турција, биле фалсификувани. Со нив бил извршен службен разговор и било утврдено дека визите ги набавиле преку турска агенција за што платиле повеќе од 500 фунти, велат од МВР.
Тие, додаваат од МВР, биле приведени и предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.