понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење на скопскиот аеродром: Косовец сакал да влезе во Македонија како жител на Арачиново

Апсење на скопскиот аеродром: Косовец сакал да влезе во Македонија како жител на Арачиново

На Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на 31 јануари во 13 часот бил лишен од слобода Р.С.(27) од Р.Косово, кој при пасошка контрола приложил патна исправа на име од С.И.(24) од с.Арачиново, скопско, и по негово кажување илегално влегол во Р.С.Македонија од Р.Косово.

Лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграција – Скопје за понатамошна постапка, информираат од МВР.