На 16.11.2020 во 02.45 часот на Граничен премин “Меѓународен Аеродром“- Скопје од полициски службеници бил лишен од слобода Р.T.(33) од Р.Албанија, со фалсификувана италијанска лична карта.
При преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта со исти податоци, а по извршен разговор пријавениот изјавил дека италјанската лична карта е фалсификувана и дека ја купил од лице во Р.Албанија.
Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.