понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење пред казино во ГТЦ: Приведен турски државјанин, кај него бил пронајден пиштол

Апсење пред казино во ГТЦ: Приведен турски државјанин, кај него бил пронајден пиштол

Пред казино во Градскиот трговски центар во Скопје, вчера во 17.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Х.Х.(29) од Република Турција.

Кај него бил пронајден нож, а при преглед во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки биле пронајдени пиштол-автомат „шкорпион“ со една рамка со 11 куршуми.

Од МВР денеска информираа дека со него бил извршен службен разговор и било констатирано дека го пречекорил дозволениот престој во Република Северна Македонија и нема одобрен привремен престој.

Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. Известени биле Јавен обвинител и судија од Основен кривичен суд Скопје. По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.