понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење пред половина час – скопјанец предновогодишно оди зад решетки и ќе помине седум години таму!

Апсење пред половина час – скопјанец предновогодишно оди зад решетки и ќе помине седум години таму!

Денеска (28.12.2022) во 15.15 часот на ул.„Славеј Планина“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(46) од Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.