Околу половина час по полноќ во близина на катна гаража на ул.„Народен фронт“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.Б.(72) од Скопје, кој бил во алкохолизирана состојба.
МВР информира дека лицето е уапсено бидејќи одбивало наредба издадена од полициските службеници, а при негово легитимирање физички нападнал еден од нив.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.