Полициски службеници од Оперативен тим Потраги во соодејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје вчера во 18 часот од угостителски објект лоциран во Т.Ц. “Мавровка” во Скопје го лишија од слобода Б.А. (58) од Скопје.
Скопјанецот бил баран со потерница по наредба од Основен суд-Скопје 1 во врска со чл.392 од КЗ на РСМ, осуден на 1 година и 6 месеци казна затвор, информира МВР.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.