Во населба Радишани синоќа полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.К.(32) од с.Чучер Сандево и Б.Р.(22) од Скопје, бидејќи кај С.К. била пронајдена марихуана, додека по издадена судска наредба, во домот на Б.Р. биле пронајдени марихуана и дигитална вага, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.