петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење во тетовско, син ја нападнал мајката

Апсење во тетовско, син ја нападнал мајката

Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 52-годишниот Д.А. од тетовско село.

Апсењето, информираат од СВР Тетово, се случило околу 10 минути по полноќ.

-Тој претходно бил пријавен од неговата 72- годишна мајка дека во семјниот дом физички ја нападнал и дека, според пријавеното, ја повредил со дрвен предмет, велат од тетовската полиција.

Се расчистува случајот и на Д.А. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.