вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од пат, две лица повредени

Автомобил излета од пат, две лица повредени

На 01.06.2023 во 14.30 часот било пријавено дека на клучка од експресен пат Кочани –Три чешми и излез од експресен пат кон ТИРЗ Штип, патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(79), во кое сопатничка била А.В.(78), двајцата од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешка телесна повреда, а А.В. со телесна повреда, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.