петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил удрил во малолетник кај Пластичарска: Момчето го загубило животот, а возачот избегал

Автомобил удрил во малолетник кај Пластичарска: Момчето го загубило животот, а возачот избегал
илустрација

Попладнево околу 17:00 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје автомобил удрил во малолетник и го напуштил местото на несреќата.

Момчето било пренесено во Ургентен Центар – Скопје, каде била констаирана смрт.

Како што дознава Курир од извори во МВР, уапсен е З.Ш (21) од Скопје кој се сомничи за предизвиканата несреќа со смртни последици.

На местото на несреќата кај пластичарска и во моментов има полициски возила и припадници на МВР, а трагите од крв сведочат за крвавата несреќа во која животот го загуби малолетник.