петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил во движење се запали на автопатот Тетово-Гостивар, повредени двајца браќа

Автомобил во движење се запали на автопатот Тетово-Гостивар, повредени двајца браќа

Две лица, браќа, се здобиле со телесни повреди откако нивниот автомобил се запалил додека се движење на автопатот Тетово-ГОстивар.

Од СВР Тетово информираат дека случајот кај нив е пријавен околу 19 часот.

-Во непосредна близина на наплатната станица Гостивар, во движење настанал пожар во патничко моторно возило „рено меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот гостиварец Н.Ј., а во кое се превезувал и неговиот брат Б.Ј.(29). Двете лица се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, информираат од тетовската полиција.

Со интервенција на гостиварската Територијална противпожарна единица, пожарот бил локализиран.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.