среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Баба на итар начин му ја украла картичката – од банкомат во неколку наврати извадила вкупно 60 илјади денари

Баба на итар начин му ја украла картичката – од банкомат во неколку наврати извадила вкупно 60 илјади денари

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против М.А.(67) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 19.12.2021, додека престојувала во домот на оштетеното лице од Неготино, пријавената од неговиот паричник ја одзела платежната картичка по што од банкомат во неколку наврати извадила вкупно 60.000 денари.