недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Бебе со повреди донесено на Клиника: Дадилката пријавила- еве ги деталите

Бебе со повреди донесено на Клиника: Дадилката пријавила- еве ги деталите

Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ завчера во 12:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив било донесено 16- месечно женско бебе од Скопје со повреди.

Во разговор со полициските службеници, мајката на бебето, 21-годишната А.М.С. од Скопје изјавила дека дека на 23.12.2019 околу 12:00 часот нејзиниот партнер, 34-годишниот С.И. од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката, 55-годишната Л.Д. од Скопје.

Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.