петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Бегалец од затвор уапсен во Скопје

Бегалец од затвор уапсен во Скопје

На скопската улица „Мишко Михајловски“ на 15. јуни полциски службеници го лишиле од слобода Г.М. (43) од Скопје.

Како што информираат од МВР, тој бил баран со централна потерница од КПУ-Идризово поради бегство од затвор, а бил осуден на затворска казна од една година и еден месец за сторени кривични дела по член 215 и член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во затворот Идризово за издржување на казната.