среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен бегалец од затвор баран со централна потерница

Приведен бегалец од затвор баран со централна потерница

Денеска (12.09.2023) во 14:10 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Х.(37) од Скопје.

Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје за доиздржување на осум месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.