Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
Во текот на 2022 година, без да поседува соодветна лиценца и без положен возачки испит, пријавениот со товарно возило, сопственост на неговата мајка, во повеќе наврати извршил јавен превоз на 292,6 кубни метри огревно дрво, за што имал испратници кои му биле издадени од ЈП „Национални шуми“-Скопје, Подрачно шумско стопанство Крива Паланка.