четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Без лиценца вршел јавен превоз, кривична пријава за маж од струшко

Без лиценца вршел јавен превоз, кривична пријава за маж од струшко

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(53) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола, извршена на 09.07.2022 на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган според Законот за превоз во патниот сообраќај.