среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Безживотно тело забележано кај железничката станица во Велес

Безживотно тело забележано кај железничката станица во Велес

Во СВР Велес вчера во 06.45 часот било пријавено дека машиновозачот во МЖ С.В.(50) додека сообраќал со товарен воз на релацијата Гевгелија – Скопје, после Железничката станица Велес, забележал човечки труп.

Од полициски службеници од СВР Велес бил извршен увид по што било утврдено дека станува збор за машки труп на возраст од околу 50-60 години, кој најверојатно претходно бил прегазен од воз.

Од МВР денеска информираат дека по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.