Полицискиот билтен врие од физички напади. Скопје, Куманово и Охрид се градовите во кои имало инциденти во текот на вчерашниот ден и рано утринава. Покрај останатите, нападнати се и две малолетни деца.
Утрово во 06.10 часот во СВР Куманово, А.А.(23) од Куманово пријавил дека во казино во Куманово бил физички нападнат од О.Х.(30). Сочинет е записник за константиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.
Исто така денес околу 04.30 часот на паркинг пред угостителски објект во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово биле приведени Б.К.(25) од с.Кучкарево, Ф.В.(21) од Скопје, А.А.(23) и И.С.(22), двајцата од Куманово, бидејќи откако Б.К. физички го нападнал Д.М.(21) од Скопје, приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а Б.К. агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник кој вршел службени дејства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 20.40 часот А.Б.(45) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк бил физички нападнат од Д.М.(66) и А.Н.(25), двајцата од Скопје. Сочинет бил записник за константиран прекршок по чл.12 ст.1 од ЗППЈРМ.
Вчера во 17.50 часот во СВР Охрид, В.С.(27) од Охрид пријавил дека во авто-камп во Охрид бил физички нападнат од С.К.(22), С.К.(20) и И.С.(22), сите од Охрид.
Вчера околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на хотел на подрачјето на Центар, С.Ј.(22) и И.Ј.(21), двајцата од Скопје, биле физички нападнати со тврди предмети од Б.Н. и А.А.(25) од с.Сарај, скопско.
Вчера во 23.50 часот Д.И.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, С.Н. физички ги нападнала неговите две малолетни деца.
Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензиска пумпа на подрачјето на Гази Баба, вработениот Д.Ц.(31) бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.